Лубиц ставил диуретик во кафето на пилотот

Копилотот Лубиц, кој намерно го урна авионот на „Џерманвингс’, наводно му ставил диуретик во кафето на пилотот за да го натера да оди во тоалет, пишува британски весник „Мирор“.

Истражителите утврдиле дека само неколку дена пред кобниот лет, Лубиц на интернет на својот компјутер пребарувал диуретици.

Инаку, сеуште трае пребарувањето на компјутерот на Лубиц и се очекува за две недели да бидат објавени  повеќе информации за тоа зошто го урна авионот.

Двете црни кутии потврдија дека Лубиц бил сам во кабината и дека се заклучил откако пилотот отишол во тоалет.

Тој намерно го урна авионот со 150 патници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.