Македонија

Лудилото на СДСМ доживува врв

Лудилото на СДСМ доживува врв
Саше Политико го дотепува СДСМ пред Хан

Негативната енергија и очајот кои владеат во СДСМ, по неуспехот на нивното сценарио за дестабилизација на земјата и по вчерашниот договор од Пржино после, кој ќе мора да одат на избори и да се соочат со уште една казна од народот, доживуваат своја кулуминација.

Несфатливо за наши прилики СДСМ води тактика со која се обидува преку вознемирувања, провокации, кавгаџиство и навредување на лична и семејна основа да го изрази својот очигледен бес од крахот на нивните политики.

Нападите, вербалните навреди, внесувањето во лице на јавни личности и немањето култура се повеќе стануваат главна стратегија на партијата на заев која на овој начин губи и од онака малиот кредибилитет во јавноста.

Нестабилни личности се ударни тупаници на Заев.

Лицето Саше Ивановски, познат како Саше Политико, по инцидентите и атаците кои во изминатиот период ги реализираше кон поголем број на политичари, но и кон јавни личности како Каролина Гочева, владиката Стефан, ректорот Стојковски, интелектуалците од Македонски манифест и многу други, денеска напладне предизвикал инциденгт и со вицепремиерот Владо Пешевски, на булеварот Климент Охридски. Претходно во повеќе наврати Политико го навредуваше Пешевски искажувајќи многу непријатни коментари и навреди на сметка на вицепремиерот.

Ова е втор инцидент за неполни 24часа кој го предизвикува ова лице, кое лажно се претставува дека е новинар, иако во процес против него во скопскиот суд официјално тврдел дека тој не е новинар.

Присутните велат дека Пешевски бил на појадок во ресторан, каде во локалот седела и новинарката Билјана Секуловска, еден од најголемите медиумски поддржувачи на СДСМ. Таа била со уште едно лице, и цело време дофрлувала, го навредувала и му се обраќала непристојно на вицепремиерот. Пешевски останал смирен и не реагирал на провокациите, кои биле на лична и на семејна основа.

Веројатно испровоцирани од немањето реакција, во еден момент Секуловска го зела својот мобилен телефон и обавила кус телефонски разговор, а за кратко време во ресторанот се појавил Саше Политико. Веднаш по доаѓањето Саше Политико почнал да дофрлува од страна и да изрекува еден куп навреди кон Пешевски вмешувајќи и семејни работи. За да избегне инцидент Пешевски станал да си оди, но Ивановски тргнал кон него снимајќи го со мобилниот телефон и притоа му се внел во лице повторно истакнувајќи провокации. Во еден момент Пешевски пробал со раката да го оневозможи Ивановски да снима. Но, Саше Политико успеал да побегне. Цело време случката ја снимала Секуловска со својот мобилен телефон.

Ова само ја покажува нервозата и гневот кај опозицијата и меѓу нејзините новинари, како Секуловска, поради неуспехот кој го доживеааа по вчерашното потпишување на догтоворот во Пржино. СДСМ не успеа да избегне избори, иако цело време токму тоа беше главната партиска цел.