Лудилото може да започне

Вечерва со почеток од 20,45 часот стартува новата сезона од елитното европско фудбалско клубско натпреварување, Лигата на шампионите каде на програмата се 16 натпревари, и тоа 8 вечерва а 8 утревечер.

Епитетот „дерби“ во првото коло од вечерашните средби целосно заслужено го има мечот во Дортмунд, каде во рамките на групата „Д“ на „Идуна Парк“ ќе се сретнат германска Борусија и англиски Арсенал.

„Арсенал има многу нови играчи во нивниот состав. Особено добија на квалитет со доаѓањето на Алексис Санчез и Дани Велбек. Арсенал направи навистина убава трансфер политика во изминатиот трансфер период, имаат стабилност да играат дефанзивно сега, исто имаат голем квалитет во средниот ред“ истакна Јирген Клоп, стратегот од клупата на Борусија Дортмунд.

pres01

„Имам голема почит кон Клоп. Толку бргу се разви во голем тренер и ја направи оваа приказна со Борусија еден вид на инспирација за секого. Сакам да гледам динамичен стил на игра, атрактивен фудбал, го обожавам тоа…“ се надоврза францускиот стратег на клупата на Арсенал, Арсен Венгер.

pres02

Денешни натпревари, 20,45 часот:

Олимпијакос – Атлетико Мадрид
Јувентус – Малме
Ливерпул – Лудогорец
Монако – Баер Леверкузен
Бенфика – Зенит
Галатасарај – Андерлехт
Борусија Дортмунд – Арсенал
Реал Мадрид – Базел

Утре се предвидени следните средби, 20,45 часот:

Рома – ЦСКА Москва
Баерн Минхен – Манчестер Сити
Барселона – АПОЕЛ
Ајакс – ПСЖ
Челзи – Шалке
Марибор – Спортинг Лисабон
Порто – БАТЕ Борисов
Атлетик Билбао – Шахтјор


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.