Лудница во Белград: Стотици луѓе чекаат ред за театарски карти

Евтините карти за февруарскиот репертоар на Југословенскиот драмски театар привлекоа огромен број посетители, кои создадоа долга редица пред благајната уште во раните утрински часови.

Оние најнетрпеливите стигнаа уште пред да се раздени, а веќе околу девет часот наутро не можело да се влезе во фоајето. Редицата од околу двесте луѓе од минута во минута се зголемува, а граѓаните велат дека не им пречи тоа што чекаат со часови, ако тоа значи дека ќе можат да го посетат тетарот за „мали пари“.

-Чекам од осум и пол, а како што стојат работите ќе чекам уште неколку часа. Кога дојдов воопшто немаше волку долга редица. Ќе чекам бидејќи мислам дека се исплати, бидејќи за две карти со редовната цена би ми требале околу 1.500 динари, а вака за истите тие пари ќе купам десетина карти, вели едно момче од Белград.

Евтините карти од 100 и 200 динари привлекоа голем број млади, но и повозрасни, кои чекаат со часови.

b1

Внатре уште поголема гужва

Ниту внатре не е подобра ситуацијата од надвор. Оние кои стигнале на време да влезат во фоајето сеуште не се излезени, бидејќи редиците се предолги.

-Мојот татко дојде утринава околу осум ипол, а веќе пред него имало триесетина луѓе. Еве речиси е 11 часот, а јас се уште чекам да излезе. Внатре има ужасна гужва, затоа луѓето кои чекаат надвор се уште не ги пуштаат да влезат, вели една жена.

На портирницата ни рекоа дека луѓе непрестано доаѓаат, а мѓу нив има и трудници и жени со мали деца.

-Луѓето кои веќе со часови чекаат не сакаат да ги пуштат. Сите сме изморени, но убаво е да се види дека луѓето ги интересира културата, вели вработен во театарот.

b2

Среќниците кои ги дочекале картите излегуваат од службениот влез со насмевка на лицето, но и видно изморени.

-Чекавме од осум часот утрово. Прво дојде мојот сопруг, па и јас му се придружив во чекањето. Гужвата е ужасна, но вреди да се почека, бидејќи цените се навистина поволни, вели една госпоѓа со карти во рацете.

Уметничкиот директор Горчин Стојановиќ вели дека е многу задоволен од тоа што ниските цени на карите ги привлекуваат луѓето да дојдат во театар.

-Вчеравечер бев во театарот и ми беше навистина пријатно сознанието дека Белград е полн со образован и сензибилен свет. Меѓутоа и непријатно, дека тој свет очигледно не може да дојде во театар кога ќе посака, туку кога ќе може тоа да си го дозволи. Сепак подобро е гужвите и хаосот да бидат пред театар, отколку пред некое друго место. Белград има публика, но едноставно нема пари, вели тој.

Според него попустите во овој театар се редовна пракса, па минатиот месец биле продадени  над 13 илјади карти за јануарскиот репертоар за шест дена благодарејќи на оваа промотивна акција.

Претседателот на Здружението на драмски уметници Воја Брајовиќ вели дека волку голем интерес има затоа што луѓето се желни за театар и оцени дека нема подобар начин за борба против некултурата од оваа акција.

voja

-Уметноста е тука да го спаси човекиот дух, вели Брајовиќ видно задоволен и напоменува дека на секој актер му е полно срцето кога игра претстава пред преполн театар.