Луганск: 30 мртви и 100 ранети во гранатирање на Зеленопоље

Донесена е одлка да се прекине со работењето на четирите рудници во областа Луганск додека сите 4500 вработени не бидат безбедни.

Проруските сили ги гранатирале позициите на украинската војска кај Зеленопоње во регионот Луганск. Според неофицијални информации, во таа прилика биле убиени околу 30 луше, а биле ранети околу 100 лица.

„Потврдувам дека дојде до напад, но немам повеќе детали и затоа не можам да одговорам за бројот на жртвите“ изјавил Селезњев, портпаролот на украинските сили.