Луганск закажа парламентарни избори за 14 септември

Луганската Народна Република (ЛНР) ќе одржи парламентрни избри на 14 септември, соопшти денес премиерот на оваа самопрогласена република Василија Никитин, пренесоа медиумите.

„Парламентарните избори би можеле да бидат одржани на 14 септември и јас го предлагам тој датум“, рекол Никитин на новинарите во Луганск и додал дека тој ден паралелно би можеле да бидат организирани и локални избори.

После референдумот за независноста одржан на 11 мај, ЛНР оформи привремен парламент, пренело  радиото „Глас Русија“.

Руските агенции после референдумот во Луганск, пренеле дека прес службата на Кремљ соопштила дека „во Москва се однесуваат со уважување кон изразената воља на жителите на Доњецката и Луганската област и поаѓаат од тоа дека практична реализација на резултатите од референдумот ќе биде спроведена по цивилизиран пат, без било какви рецидиви од насилство, со дијалог меѓу представниците на Киев, Доњецк и Луганск“

Европската унија соопшти дека референдумите ги смета за нелегални и нелегитимни и дека никогаш нема да ги признае резултатите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.