понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 19

Вознемирувачко видео: Луѓето во паника бегаат во близина на Стад де Франс

ФОТО: Ројтерс

ФОТО: Ројтерс

Поврзани вести

Луѓето во паника бегаат од напаѓачите во близина на Стад де Франс. На аматерската виде снимка се гледа како луѓето бегаат по експлозијата во близија на стадионот, за која постојат тврдења дека се работи за самоубиствен напад.

Експлозијата била само еден од низата напади што се случија синоќа во ПАриз, вклучително и во концертната сала Батакалан. Се смета дека во нападите животот го загубиле над 126 лица.

Во синоќешните терористички напади во Париз, четири лица беа убиени во експлозиите во близината на Стад де Франс.

Терористите нападнаа една брасерија (пивница) и МекДоналдс. Претседателот Франсоа Оланд беше извлечен од стадионот каде се играше фудбалскиот натревар Франција-Германија.

Натпреварот се доигра за де се избегне паника на трибините. По завршувањето, најголемиот број од 80.000 гледачи останаа на стадионот, а некои од од нив слегоа на теренот по најавата на спикерот дека „се случиле инциденти“, а во меѓувреме беа испратени повеќе спасувачки екипи.

На видео снимката од натпреварот може да се слушне силната детонација што се случила во близина на стадионот.

Ноќта на теророт започна околу 21 часот, во 23 часот префктурата на полицијата на Париз имаше констатирано најмалку три престрелки на истокот од Париз. Од автомобил, беа истрелани рафали кон кафулето Каријон, азискиот ресторан Ле Петит Камбоџ, кој се наоѓа на аголот на улицата Бишат и улицата Алиберт, наспроти болницата Бишат во 10–от арондисман. Повеќе гости беа покосени.

Додека спасувачките екипи се обидуваа да ги спасат преживеаните во неописливата крвава сцена, концертната сала каде Батаклан, каде се одржуваше концертот на групата Игелс од Дет Метал во 11-от ародносман беше исто така нападната од повеќе вооружени лица.

Најчитани вести