Луѓето полуделе на 80 години, богати сопружници краделе во цркви

Богата и стара швајцарска двојка е уапсена поради што краделе пари од кутии во цркви поставени за прилог, соопшти полицијата.

Како што наведува АФП, брачната двојка украле пари повеќе пати од црквите во Луцерн и тоа од „забава“.

На полицијата изјавиле дека им се допаѓа чувството на возбуда во текот на кражбата.

Сопругот чувал стража додека сопругата крадела, а со кражбите започнале минатиот номеври и украле стотини швајцарски франци.