Луи ван Гал и официјално нов менаџер на Манчестер Јунајтед

Актуелниот селектор на Холандија, Луи ван Гал, од пред неколку часа и официјално е именуван за нов менаџер на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.

Искусниот стручњак веќе го потпиша понудениот 3-годишен договор, а за прв асистент го именува велшкиот интернационалец, Рајан Гигс кој и официјално стави крај на фудбалската кариера.

„Горд сум на самиот факт дека сум менаџер на Манчестер Јунајтед, дека сум менаџер на најголемиот клуб во целиот свет. Овој клуб има голема амбиција, но и јас имам големи амбиции. Убеден сум дека ќе испишам некоја нова страница во фудбалската историја”, изјави Ван Гал.