Спорт

Луис Хамилтон најдобар во Остин

Луис Хамилтон најдобар во Остин

Иако стартуваше од втората позиција, британскиот пилот Луис Хамилтон успеа да триумфира на трката за големата награда на САД, која се возеше во Остин, Тексас.

Во текот на трката успеа комплетно да го надмудри Нико Розберг, кој патем доминираше на квалификациите, и да слави на оваа незгодна патека.

– Мора да се одлучиш колку ризик сакаш да преземеш. Нико не се бранеше многу и речиси го фатив неподготвен. Потоа, само се обидував да го задржам водството. Постигнувањето е неверојатно, благодарен сум на мојот тим и на семејството за резултатите што ги имам и за бројот на победи, кои ќе беа невозможни без овие луѓе,- рече Хамилтон на официјалната прес конференција.

Даниеле Рикиардо го освои третото место во дуелот со пилотите на Вилијамс, Ботас и Маса, како и Фернандо Алонсо, кого го престигна во рестартот на трката, при раниот инцидент на Перез и Зутил. Со оваа победа Хамилтон стигна до 24 бода предност во однос на ривалот за титулата, но до крајот на сезоната има уште 75 бода за освојување. Следната трка за Големата награда на Бразил во Сао Паоло се вози следниот викенд.