Луис Хамилтон “завладеа” во генералниот пласман во Ф1

Луис Хамилтон забележа нова победа во шампионатот на Формула 1. Со тоа британскиот возач од тимот на Мерцедес го запиша својот 29-ти триумф во кариерата, седми овосезонски и втор последователен на патеката Марина Беј во Сингапур. Место на пиедесталот покрај Хамилтон (2:00:04:795) обезбедија и пилотите на Red Bull, актуелниот шампион Себастијан Фетел (+ 13,5 секунди) и Даниел Рикиардо (+ 14,2).

И додека фановите на Mercedes се радуваа на победата на Хамилтон, во исто време беа и разочарани поради откажувањето на Нико Розберг. Токму поради ова, одличниот Хамилтон го презеде водството во генералниот пласман. Во моментов има три бода предност пред Розберг (241-238), а до крајот на сезоната ќе се возат уште пет трки.

Покрај Хамилтон, Фетел и Рикардо поени освоија и Фернандо Алонсо од Ферари, Фелипе Маса од Вилиамс, Жан-Ерик Верн од Торо Росо, Серхио Перез на Форс Индија, Кими Раиконен во Ферари, Нико Хулкенберг од Форс Индија и Кевин Магнусен од МекЛарен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.