Луис и Кличко повторно во рингот…на партија шах

Поранешните светски боксерски шампиони, Украинецот Витали Кличко(47) и Британецот Ленокс Луис (52) ќе се вратат во рингот по 15 години од нивната борба за шампионскиот појас. Сепак, оваа борба ќе биде необична.

Овој пат нема да се гледа борба со тупаници бидејќи двајцата боксери одлучија да и дадат на публиката нешто друго и нешто што „оди со нивните години“, како што беше најавено во соопштението.

Актуелниот градоначалник на Киев сакаше реванш меч против Луис, кој го победи во 2003 година и му ја одзеде титулата светски шампион во тешка категорија.

Луис се пензионираше една година подоцна, без да мора да го брани  шампионскиот трон.

Пред неколку недели се појавија шпекулации за реваншот, но Луис веднаш го демантираше велејќи дека и двајцата се „премногу стари за тоа“.

Сепак, тој мислеше само на боксот. Малку поинаков натпревар публиката ја очекува на почетокот на октомври.

Ние ќе одиграме партија шах во рингот. Стари сме за повторно да ги навлечеме ракавиците. Ќе биде интересно сега кога ќе ги вкрстиме мозочните виуги еден против друг, рече Луис.