Луис Суарез ќе гризе во Барселона

Најпознатите фудбалски медиуми на Островот се убедени дека каталонскиот гигант Барселона ќе излези како победник во трката по потписот на контроверзниот репрезентативец на Уругвај, Луис Суарез.

Како што објави „Дејли Мејл“ каталонскиот тим постигнал договор со Луис Суарез за личните услови на фудбалерот, а останува уште Барселона и Ливерпул да се договорат за висината на обештетувањето.

Шпанскиот гигант веќе има подготвено две понуди за брзоногиот напаѓач. Првата е само парична и нема да биде помала од 80 мил. фунти, а во втората понуда, која нема да биде помала од 50 мил. фунти, ќе бидат вметнати и услугите на чилеанскиот интернационалец, Алексис Санчез.