Луиз: Хрватска има фантастичен тим

Репрезентативецот на Бразил, Давид Луиз испрати јасна порака до репрезентативните колеги дека првиот противник во групната фаза, селекцијата на Хрватска има многу силен тим и дека се лажат тие кои мислат дека „кариоките”, без многу мака ќе стигнат до планираните три бода.

„Хрватска има многу силен тим и мене ми е јасно дека нема лесен натпревар. Фудбалот е непредвидлива игра, ако не е така, тогаш фудбалската игра немаше да биде дефинирана како најважна спордна работа на денешницата. Хрватска има тим кој е составен од одлични, искусни фудбалери, но и Бразил има таков тим. Време е на светот да му покажеме колку сме квалитетни, да покажем за што сме подготвени дека сме дораснати за секој предизвик. Со нетрпение го очекуваме стартот на првиот натпревар, сакаме со победа да ја започнеме мундијалската авантура, нападот на светскиот трон”, изјави најновата милионска аквизиција на старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ.