Луиз: Не сакам да се вратам во Париз

Давид Луиз ја отфрла својата иднина во Париз Сен Жермен поради тоа што несака да се врати во градот.

Поранешниот играч на одбраната на Челзи бил во Бразил за време на нападите во Париз, во кои животот го загубија 129 лица.

Луиз бил мошне загрижен за својата безбедност. Како што пишува британски Сан тој рекол:

– Во Париз е мојата девојка, а таму имам и роднини и пријатели. Тие сите беа мошне тажни и уплашени. Незнам што ќе правам и дали воопшто ќе се вратам (во Париз). Мојата работа е да играм за ПСЖ, но ако е до мене, нема да се вратам.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.