Луизијана: За време на поплавите 12 лица го загубија животот

Како последица од поплавите во Луизијана животот го загубија најмалку 12 лица, а властите во 20 окрузи во земјата прогласија состојба на природна катастрофа.

Спасувачките екипи трагаат по други жртви и засега не е познато колку лица се исчезнати, јави „Гласот на Америка“.

Во одредени региона водата започнала да се повлекува, додека во други и понатаму расте.

Под вода се уште е огромен дел на јужна Лиизијана.

Претставниците наведуваат дека се поплавени 40.000 домови и дека во привремените центри се сместени повеќе од 8.000 луѓе. Повеќе од 20.000 лица се спасени или евакуирани.