Лук Соу е најскапо купениот тинејџер во Англија

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, холандскиот стручњак Луи ван Гал веќе потроши околу 65 мил. евра за да ги ангажира првите две засилувања кои веќе пристигнаа на “Олд Трафорд”.

Пред неколку дена “црвените ѓаволи” одвоија околу 29 мил. фунти за да ги осигураат услугите на малдиот играч за врска од реовите на шпанскиот прволигаш Атлетик (М), Андер Ерера, а во петокот, клупските челници го договорија и трансферот на новопечениот репрезентативец на Англија и стандарден првотимец во дресот на Саутемптон, Лук Шоу.

Со преселбата на “Олд Трафорд”, Соу стана најскапо купениот тинејџер во англиската фудбалска историја.
За да ги осигураат услугите на офанзивниот лев бек, челниците на Манчестер Јунајтед мораа да го прифатат и исплатата побараното обештетување од 31.5 мил. фунти.