Со лук заштитете се од срцеви заболувања

Светската здравствена организација смета дека лукот е одличен додаток во исхраната и го балансира нивото на маснотиите во крвта.

Лукот како ефикасен додаток им се препорачува на пациентите кои страдаат од зголемен крвен притисок.

Лукот спречува срцеви заболувања

Последното истражување покажало дека лукот за 80 отсто ја намалил количината на наслаги во артериите, еднаквокако и густиата на наслагите.

Лукот од одамна има репутација на лек и средство за превенција од многубројни болести, а познато е и неговото антибактериско дејство кај гастроентеритисот, како и антифунгалното делување во лекувањето на кандидата.