Лука Бојовиќ продолжува со продажбата на дрога во Белград

Водачот на новиот Земунски клан, Лука Бојовиќ, продолжува да раководи со продажбата на дрога во Белград од затворот во Шпанија, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

Според изданието на Бојовиќ му помагаат петмина соработници. Во неговата белградска наркомрежа има стотици ситни дилери кои дистрибуираат дрога по улиците.

Александар Обрадовиќ, во чиј стан во понеделникот полицијата откри еден килограм кокаин е еден од клучните соработници на групата на Бојовиќ, наведува весникот.