Лукач: Исламска држава има свои краци во БиХ

ИД планира напади со биолошко и хемиско оружје
ИД планира напади со биолошко и хемиско оружје

Говорејќи за серијата напади во Босна и Херцеговина во последно време министерот за внатрешни работи на Република Српска изјави дека станува збор за терористички акти и дека Исламска држава има свои краци и во Босна и Херцеговина, соопшти Танјуг.

Во настапот на српската државна телевизија-РТС, Лукач изјави дека неколку стотици лица од Босна и Херцеговина војуваат во Сирија, од кои 40-50 се вратиле во земјата и со себе ги донеле радикалните идеи и идеологијата на злото.

– Имаме доволно информации кои се луѓето што се занимаваат со терористички акции во Босна и Херцеговина, рече Лукач.

Според него, проблемот е во тоа дека водечките политичари во Босна и Херцеговина, особено во Федерацијата Босна и Херцеговина, не сакат тероризмот да го нарекуваат со вистинското име и да кажат кои се луѓето кои се подготвени да извршат терористички акти.

– Сите досегашни терористички акти во Босна и Херцеговина беа поврзани со вахабиското движење, изјави Лукач и додаде дека во Босна и Херцеговина опстојуваат цели енклави, кои не ги признаваат државните закони и живеат според свои правила, во кои полицијата ретко влегува и кои се населени главно со вахабисти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.