Лукач: Можно е прелевање на ситуацијата од Македонија и во БиХ

Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач, изјави дека постои потреба полицијата на Република Српска да остане во зголемена готовност заради терористичкиот напад во Куманово, бидејќи не може да се исклучи можноста ситуацијата од Македонија да се прелее надвор од нејзините граници, па и во БиХ.

Според информациите на  МВР на РС, не е исклучено да има обид на терористите да им се приклучат нови, се цел судирот да биде покренат на повисоко ниво, пренесува Танјуг.

Србија не ги испрати без причина своите единици на границата кон Македонија, бидејќи е очигледно на дело е создавање на таканаречена Голема Албанија, цел од кој Албанците никогаше нема да се откажат, оцени Лукач за „Прес РС“.

Министерот уште порача дека МВР на РС ќе стори се што е во негова моќ и во рамки на законот за заканите од терористички напади да ги сведе на најмала можна мерка.

-Тоа значи дека сме подготвени 24 часа дневно на око да ги држиме потенцијалните терористи и нивните помагачи за да ги спречиме во евентуалната намера да извршат напад, рече Лукач.

Зборувајќи за подготеноста на федералното МВР, тој изрази надеж дека оваа институција ќе преземе  опсежни мерки и дејствија на теренот што ќе доведе до зајакнување на контролата на движење на потенцијалните терористи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.