Лукаку бара клуб во кој ќе биде најголема ѕвезда

Репрезентативецот на Белгија, Ромелу Лукаку откри дека прво ќе се одмори од напорната сезона, а потао ќе открие каде ќе ја продолжи својата фудбалска кариера. 

Младиот напаѓач е во сопственост на лондонскиот премиерлигаш Чезли, но пред стартот на Мундијалот во Бразил изјави дека ќе остане на “Стемфорд Бриџ” само доколку клупските челници му ветат првотимски статус.

“Имам неколку идеии, но да почекаме уште малку. Прво да поразговарам со раководните лица на Челзи. Сега сум дома, сакам прво убаво да се одморам од напорната сезона, сакам прво да уживам со мојата фамилија. Сега е време за летен одмор. Сакам да играм за клуб во кој ќе имам статус на стандарден првотимец, за клуб кој ќе се бори за сите можни титули. Јас имам обврска да работам напорно и да ги слушам инструкциите на тренерот. Убеден сум дека ќе донесам вистинска одлука, но сега е време за одмор, а потоа ќе мислам на мојата иднина”, изјави Лукаку.