Лукаку, Хернандез, Соладо и Реми дел од списокот на Симеоне

Контроверзниот тренер на актуелниот лидер во шпанската Примера дивизион, тимот на Атлетико (М), Диего Симеоне веќе го состави списокот со напаѓачи на кои ќе им биде испратена официјална понуда за време на летниот преоден рок доколку клубот предвреме ја прекине соработката со најдобриот фудбалер во актуелната сезона, Диего Коста.

Атлетико (М) треба да заработи околу 40 мил. евра од продажбата на новопечениот репрезентативец на Шпанија, а заработените пари ќе бидат искористени за ангажирање на најмалку еден напаѓач.

Прв на списокот е белгискиот интернационалец од редовите на Челзи, Ромелу Лукаку, а веднаш до него е репрезентативецот на Мексико и резервен напаѓач на Манчестер Јунајтед, Хавиер Хрнандез.

Аргентинскиот стучњак ја одобрил и најавената понуда која ќе биде испратена до шпанскиот интернационалец од редовите на Тотенхем, Роберто Солдадо, а последен на неговиот список е францускиот интернационалец од редовите на Квинс Парк Ренџерс, Лорик Реми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.