Лукаку и Рами запишани во списокот на Леви

Иако пред неколку часа ја започна потрагата по нов менаџер, сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви веќе се пофали дека има составено и список со напаѓачи кои би пристигнале на “Вајт Харт Лејн” за време на летниот преоден рок.

Прво име на долгиот список е репрезентативецот на Белгија, Ромелу Лукаку, кој е во сопственост на градскиот ривал Челзи, но во изминатите две сезони настапува како позајмен фудбалер.

Белгискиот интернационалец е проценет на најмалку 30 милиони евра, а доколку Леви не најде заеднички јазик со сопственикот на лондонските “сини”, Роман Абрамович, тогаш своето внимание ќе го насочи кон францускиот интернационалец, Лорик Реми.

Реми е во сопственост на Квинс Парк Ренџерс, но двата клуба лесно ќе најдат заеднички јазик доколку понудата на популарните “петли” не биде помала од 10 мил. фунти.