Лукаку ќе биде продаден на Евертон

Иако пред неколку дена му беше ветено дека најпосле ќе добие шанса да се докаже и во дресот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, според последните информации кои пристигнуваат од Островот, белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку сепак ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.

Младиот напаѓач доби покана да биде дел од првиот тим на Челзи кој ја стартуваше турнејата низ Америка, но фудбалските медиуми во Англија пред неколку часа потврдија дека Лукаку ќе биде продаден на Евертон до крајот на преодниот рок.

Помалку трофејниот клуб од Ливерпул испрати нова официјална понуда за Лукаку вредна околу 18 мил. фунти и истата би требало да биде прифатена од сопственикот на лондонските “сини”. Роман Абрамович.