Лукаку само полесно повреден

Марк Вилмотс, селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, откри повредата која младиот напаѓач, Ромелу Лукаку ја заработил на последниот пријателски натпревар против селекцијата на Тунис не е од посериозна природа и голема е веријатноста дека ќе биде во комбинација за првиот натпревар од групната фаза на престојниот Мундијал во Бразил.

“Ромелу чуствува болка кога оди. На прв поглед, не станува збор за некоја посериозна повреда. Таква информација добив и од репрезентативниот доктор на Белгија. За неколку дена ќе бидат направени дополнителни лекарски прегледи врз повредената нога. Ромелу ќе мора да паузира во следните неколку дена, мислам на пауза од 3-4 дена”, изјави Вилмотс.
Прв противник на Белгија во групната фаза е селекцијата на Алжир, а тој натпревар ќе биде одигран на 17 јуни во Бело Хоризонте.