Лукаку за 35 милиони евра продаден на Евертон

Раководните лица на англсикиот премиерлигаш Евертон го реализираа најскапиот трансфер во клупската историја откако за рекордни 35 милиони евра ги осигураа услугите на белгискиот интернационалец од редовите на Челзи, Ромелу Лукаку.

Младиот напаѓач пред неколку часа го потпиша понудениот 5-годишен договор кој му гарантира неделна заработувачка од 75 илјади фунти.

Репрезентативецот на Белгија и во минатата сезона го носеше дресот на Евертон, но како позајмен фудбалер, а на 31 натпревар, Лукаку постигна 15 погодоци.