Лукас Моура доби шанса само во резервниот список

Луис Филипе Сколари, селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил го соопшти и списокот со резервни фудбалери кои ќе ги стартуваат подготовките за престојниот Мундијал но ќе добијат шанса да настапат на истиот само доколку настане неокоја неочекувана повреда на претходно повиканите репрезентативци.

Шанса да бидат дел од резервниот список добија: Лукас Леива (Ливерпул), Аалан Кардец (Сао Пауло), Лукас Моура (ПСЖ), Рафиња (Баерн Минхен), Филипе Луиз (Атлетико Мадрид), Диего Кавалери (Флуминензе).