Лукашенко денеска во Белград

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ќе допатува денеска во дводневна посета на Србија каде што ќе разговара со претседателот на Србија, Томислав Николиќ, а ќе бидат потпишани и повеќе договори.

Лукашенко по доаѓањето во Белград ќе положи венец на Споменикот на непознатиот јунак на Авала, додека официјалните разговори ќе бидат одржани во четврток.

Николиќ ќе му приреди свечен дочек на Лукашенко пред Палатата на Србија,а  потоа двајцата претседатели ќе имаат разговори во четири очи.