Лукашевич: Влегувањето на НАТО бродови во Црно Море е алармантен сигнал за Русија

Портпаролот на руското Министерство за внатрешни работи Александар Лукашевич вчерашното влегување на бродови на НАТО во Црно Море го оцени како повод за загриженост и провокација, пренесе ТАСС.

-Тоа би го нарекол многу алармантен сигнал и провокациска шема што не придонесува за стабилноста и увереноста дека мировниот процес во Украина ќе се забрза, подвлече Лукашевич.

Тој забележа дека „секое воено присуство во близина на регионален
конфликт – секогаш е многу опасен маневар“.