Луксузни хотели во сопственост на познати личности (ФОТО)

Луксузните хотели се секогаш се интересна тема. Секогаш сакаме да видиме како изгледаат, што нудат и како ужива оној мал број луѓе на светот што може да си дозволи да престојува во нив. Ако сте еден од тие луѓе тогаш блазе си ви!

Сепк, кога се знае дека некој хотел е во сопственост на некоја позната личност, нештата стануваат уште поинтересни за голем број луѓе и голем број туристи се трудат да си обезбедат такво сместување. Во тој дух ова се луксузните хотели што ги држат познатите личности од Холивуд, актери, музичари и останати.

Иако познатите сакаат да прикажат имиџ на успех, се случува некои хотели на познатите просто да не се добри или квалитетни колку што би се очекувало. Со оглед дека познатите секогаш се во фокусот на јавноста, некогаш сигурно посакуваат сето тоа да пројде, особено кога нивната инвестиција како што е луксузниот хотел Нобу на филипините што е во сопственост на Роберт де Ниро ќе бидат окарактеризирани како најлошиот луксузен хотел на светот. Сепак Роберт не  е единствената позната личност на која што не и оди најдобро во угостителскиот потфат.

Има и други познати личности, а мешу нив е и познатиот британски актер Руперт Гринт, кого многумина го познаваат по улогата на Рон Весли во Хари Потер. Неговиот хотел неодамна беше затворен поради слаб промет.

Секако ова се изолирани примери што не ги собраа најдобрите критики или заврпиле со работата но постојат и хотели на познати личности што се мошне популарни, посетени и успешни.

Енди Мареј (Кромликс Хотел)

Енди Мареј (Кромликс Хотел)
Енди Мареј (Кромликс Хотел)

Познатиот светски тенисер и голем ривал на Новак Ѓоковиќ го води мошне успешниот Кромликс хотел во викторијански стил затоа што истиот потекнува од тоа време, а кој што по реновирањето достигнал луксузен статус на хотел со 5 ѕвездички.

Хју Џекмен – Гвингана Хелт Ретрит Хотел

Хју Џекмен (Гвингана Хелт Ретрит Хотел)
Хју Џекмен (Гвингана Хелт Ретрит Хотел)

Хју Џекмен е човек што ужива во природата, па така еднаш по двомесечниот престој на Златната обала во Австралија решил да купи дел од фантастичниот хотел Гвингана Хелт Ретрит Хотел кој во целост е свртен кон здравјето и природата.

Леонардо ди Каприо – Блекадор Кај

leo-hotel
Леонардо ди Каприо (Блекадор Кај)

Хотелот ќе биде отворен во 2018-тата година во Белизе, а посебно поради желбата да изгради квалитетен и еколошки хотел и прибежиште, оскаровецот купи остров за 1, 75 милиони долари.

Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс – Ериел Сендс

Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс (Ериел Сендс)
Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс (Ериел Сендс)

Oва е уште еден хотел на познатите што се наоѓа на егзотично место, а што ќе биде еколошки ориентиран по реновирањето. Хотелот на Бермудите беше отворен од познатата холивудска двојка.

Клинт Иствуд – Мишн Ранч Хотел

Клинт Иствуд (Мишн Ранч Хотел)
Клинт Иствуд (Мишн Ранч Хотел)

Сосема е очекувано името на хотелот на Клинт Иствуд да го содржи зборот ранч.

Помеѓу познатите личности што имаат сопствени хотели се и Ричард Гир, Донатела Версаче, Френсис Форд Копола, Џон Малкович и многу други.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.