ФОТО: Ѕирнете во луксузниот стан на Бритни Спирс

Луксузниот стан на Бритни опфаќа три ката од зградата Силк Билдинг, а во моментов се продава за цена од 7, 6 милиони долари, што е дури 4 пати повеќе од она што славната пејачка го издвои за станот пред години.

britni-2

Кога некој ќе ви ја спомене Бритни Спирс најверојатно првите асоцијации не се елеганција и префинетост. Бритни никогаш не важела за жена со стил, дури напротив често се наоѓа на листата на најлошо облечените луѓе во светот.

britni-3

Сепак, њујоршкиот стан на некогашната поп ѕвезда би можел да се опише како неизмерно елегантен и префинет.

britni-5

Истовремено елегантен и еклектичен, со помалку уметнички детали и моменти, пентхаусот што Бритни го ставила на продажба со оглед на тоа дека моментално живее во декадентната италијанска вила во Калифорнија, се наоѓа во ренесансната зграда што некогаш и припаѓала на компанијата Тауер Рекордс.

britni-6

Секоја просторија во станот ја карактеризира одредена боја, па така една спална соба речиси во целост е сива, другата е во комбинација од црна и црвена, а во дневната соба се мешаат жолти и сиви детали, додека на мноумина во очи ќе им падне модерното минималистичко катче со нишалка кое е предодредено за забава.