недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 9

Луначек: Постои можност ЕУ да го загуби Западен Балкан

Во оваа ситуација Балканот изгледа се подалеку, дури и во мојата Австрија, наведе Луначек.

Ulrike Lunacek, Die GrünenFoto: Clemens Fabry

Последни вести

Потпретседателката на Европскиот парламент Улрике Луначек смета дека постои опасност ЕУ да го „изгуби“ Западен Балкан, пренесува МИА.

Таа го изјави тоа за време на настанот именуван „Балканот во европската куќа од карти“ во рамките на „Форум на цивилното друштво-Белград“ во организација на Европскиот фонд за Балканот и ЕРСТЕ фондацијата.

Луначек, заедно со шестмина претставници на организации од цивилното општество од регионот учествуваше во дискусијата која ја моделираа директорката на Европскиот фонд за Балканот Хедвиг Морваи и проектниот менаџер за Европа на ЕРСТЕ фондацијата Филип Радуновиќ.

Морваи наведе дека „е ставено под знак прашалник“ која сила ЕУ сега ја поседува во овој регион и зборуваше за неколку сценарија кои се однесуваат на процесот за пристап на државите од Западен Балкан и кои одат од „вообичаена работа“ до проширување во стилот на „голема експлозија“.

Таа истакна дека ЕУ повеќе не може да се ослонува на сценариото „вообичаена работа“ и ја праша Луначек дали ЕУ го губи Западен Балкан, како и која ќе биде новата стратегија на Брисел и кои се вистински пријатели на проширувањето.

Да, постои опасност тоа да се случи, далеку сме од Солун, одговори Луначек, мислејќи на самитот ЕУ-Западен Балкан кој во 2003 година одржан во грчкиот град и на кој на балканските земји им е ветена европска перспектива.

Потпретседателката на ЕП нагласи дека сега „малкумина се оние кои  се уште сакаат проширување“, наведувајќи дека според нејзиното мислење тоа нема врска толку со Балканот колку што има со моменталната состојба на ЕУ.

Во оваа ситуација Балканот изгледа се подалеку, дури и во мојата Австрија, наведе Луначек.

Таа сепак верува дека најдобра перспектива е да се продолжи со „вообичаена работа, со мал напредок тука и таму“.

Би сакала „голема експлозија“ но негледам дека тоа би можело да се случи, изјави Луначек, која за време на дискусијата рече дека моменталната криза во Европа според неа не е бегалска криза, туку „криза на солидарност“.

Најчитани вести