Лустрациската ќе ги проверува претседателските кандидати

Комисијата за верификација на фактите наскоро треба да ги провери документите за четворицата кандидати за претседател за да се утврди дали некој од нив евентуално бил соработник на тајните служби.

Лустраторите ќе ги проверува Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски, предложен од СДСМ, Илијаз Халими од ДПА и Зоран Поповски од ГРОМ.

Законска обврска на лустраторите е да ги проверат и сите кандидати за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори откако партиите ќе ги достават кандидатските листи до Државната изборна комисија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.