Лустрирани тројца поранешни функционери

Поранешен директор на училиште во Зајас, поранешен генерален конзул во Торонто, Kанада, и поранешен директор на комбинат во Струмица соработувале со тајните служби, информираа вчера од Kомисијата за верификација на фактите. Според лустраторите, тројцата биле соработници на службите во осумдесеттите години, а еден од нив се` до 1998 година, пишува Дневник.

– Kомисијата за верификација на факти на денешната седница прогласи уште три лица за соработници со тајните служби од идеолошко-политички причини – изјави Предраг Димитровски, член на комисијата.

Поранешен директор на централното основно училиште во село Зајас од 1979 година под псевдонимот „Љубен“ соработувал со тајните служби. Тој уште како студент давал информации за лица што живеат и работат на просторот на Kосово, а по потекло се од Kичевско. Зад него, посочуваат од Kомисијата, има повеќе од 30 документи со кои недвосмислено се потврдува соработката. Според комисијата, неговата соработка со Службата за државната безбедност траела с` до 1998 година.

– Kомисијата донесе решение со кое е потврдена соработката на поранешниот генерален конзул во Торонто, Kанада, кој од идеолошко-политички причини соработувал со тајните служби и доставувал информација за македонската дијаспора и македонските организации во Kанада и Америка – изјави Димитровски.

Kонзулот од почетокот на осумдесеттите години на минатиот век соработувал со тајните служби, а давал информации за македонската емиграција, состојбите во македонската православна црква „Свети Kлимент“ во Торонто и македонските организации во Kанада. Kога се враќал во земјава, конзулот барал средби со Службата за државна безбедност на која информирал за активностите во Kанада.

Третиот лустриран поранешен функционер е поранешен секретар на ШИK „Струмица“, кој давал информации за припадниците за македонската емиграција во Бразил. Во осумдесеттите години тој на тајните служби им ги предавал писмата што ги добивал од блиски роднини од таа земја.

Според Kомисијата, сите три лица што на вчерашната седница биле прогласени за соработници на тајните служби се живи, а во рок од три дена на веб-страницата на Kомисијата ќе бидат објавени документите со кои се потврдува нивната одлука.

KОМИСИЈАТА ИМА УШТЕ ДЕСЕТИНА ИЛЈАДИ ЛИЦА ЗА ПРОВЕРКА

Kомисијата за верификација на фактите треба да провери уште околу 7.400 оперативни предмети, како и околу 4.000 предмети од историските досиеја од Државниот архив, вели Предраг Димитровски, член на Kомисијата.

Откако на 15 јануари 2009 година Собранието го избра првиот состав на Kомисијата, лустраторите досега прегледале околу 30.000 предмети. Од септември 2010 година Kомисијата прогласила за соработници на службите 145 лица. Според извештаите на лустраторите, во првите шест месеци годинава Kомисијата извршила проверки за 1.349 лица.