Лустрираните продолжуваат да одработуваат за СДСМ

Низа функционери и поддржувачи на СДСМ за кои Лустрациската комисија соопшти дека соработувале со тајните служби сега повторно одработуваат за нечии интереси, објавува Курир. На студентските протести, вчерашниот и оние два претходни можеа да се забележат повеќе лустрирани лица кои порано подбуцнувале и кодошеле, а сега активно одработуваат за интересите на опозицијата.

Вчерашниот протест на студентите повеќе наликуваше на политички митинг, отколку на студентски протест . Наместо образовни пораки, можеа да се забележат политички пароли и опозициски слогани, а меѓу присутните предничеа голем број фунционери и поддржувачи на СДСМ, дел од нив кои порано соработувале со тајните служби, според Лустрациската комисија.

Поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Љубомир Фрчкоски вчера повторно се појави на студентскиот протест во друштво со неколкумина дежурни поддржувачи на опозицијата како Ивор Мицковски. Токму Фрчкоски е еден од отворените поддржувачи на опозицијата кој беше лустриран.

Фрчковски не го помина лустрацискиот филтер и Комисијата утврди дека бил наредбодавател. Според документите поранешниот министер за внатрешни работи и за надворешни работи и професорот на Правниот факултет бил наредбодавател додека бил министер за вантрешни работи (1992-1996).

gjuner500

За кодош беше прогласен и поранешниот министер на СДСМ, Ѓунер Исмаил за кој подолго време службите на Комисијата прибираа документација. Поранешниот министер за култура бил соработник на службите во периодот кога работел како професор. Негови жртви биле неговите ученици. Исто како и Фрчкоски, и Ѓунер Исмаил беше во првите редови на студентските протести, одработувајќи за целите и интересите на опозицијата.

Според досието, Исмаил кодошел малолетни ученици од средното трговско училиште во кое бил класен раководител. Причина за тоа било што настапувале од позиција на албански национализам и иредентизам . Исмаил како класен раководител ја известувал СДБ за активностите на малолетните ученици во средното трговско училиште.

Врз основа на овие податоци, Kомисијата за лустрација во ноември 2012 година заедно со уште три лица го прогласи Исмаил за соработник на тајните служби. Во Kомисијата велат дека од белешките кои се достапни на нивната интернет-страницата може да се види дека Исмаил бил користен како оперативна врска, статус кој не се стекнува со повремено соработување, туку со работење за службите повеќе години.

sl1-3-500

Структурите на Соросовата фондација во земјава исто така се активно вклучени во студентските протести. Како што пишуваа медиумите, Студентскиот пленум индиректно е контролиран токму од оваа фондација, бидејќи во него се инфилтрирани лица на Младинскиот образовен форум (МОФ), кој пак и директно финансиран на Фондацијата СОРОС.

Бина, озвучување, автобуси со кои се носеа луѓе – сето ова беше дел од вчерашниот студентски протест. За разлика од првиот протест, на кој студентите излегоа со индекс во рака и го искажаа својот став, секој нареден протест добива се поголема политичка димензија. Дали СОРОС ги покри сите трошоци за вчерашната „журка“ пред Владата, кој ги плати автобусите, бината, озвучувањето?

milchin-bil500

Фондацијата СОРОС во Македонија прерасна во главен финансиер на голем број на организации чии структури се пополнети од луѓе на СДСМ и кои потоа своите активности ги насочуваат кон рушење на власта и оцрнување на секоја реформа и владин проект. Влијанието и парите на СОРОС стојат во позадина и на студентските протести.

И првиот човек на СОРОС фондацијата, Владимир Милчин исто така беше прогласен за соработник на тајните служби. Во 2012 година, Комисијата за лустрација на Република Македонија го објавил Милчин дека бил соработник на тајните служби во времето на СФРЈ. Според решението,Милчин го користел псевдонимот „Драматург“ во времето кога бил декан на факултетот за драмски уметности.

Коле Чашуле и Живко Чинго биле жртви на кодошот Драматург, објави тогаш Вечер. Владимир Милчин ги кодошел дека му даваат улоги на актерот Ристо Шишков кој во тоа време лежел во затвор заради политичка неподобност. Милчин ја предупредувал тогашната милиција дека има нешто сомнително помеѓу Шишков, Чинго и Чашуле и дека државата треба да се позанимава со тоа каков профил на луѓе раководи со Македонскиот народен театар. Во тоа време Живко Чинго бил директор на МНТ, а Чашуле управник на театарот, додека Ристо Шишков се соочувал со затворска казна бидејќи јавно изнел навреди против Тито и против идејата за братство и единство во тогашната СФРЈ. Како награда за кодошењето, Милчин добива место на Драмскиот факултет, каде подоцна станува и декан.

Оние кои тогаш одработуваа и според Лустрациската комисија имаа задача да подбуцнуваат и кодошат, денес повторно одработуваат за СДСМ и СОРОС, за нивните цели и интереси. Меѓу последните лустрирани беше и Ѓорги Спасов, поранешниот министер за правда и екс-македонски амбасадор во Софија, бил соработник на Службата за државна безбедност. Во документите објавени од Комисијата за верификација на фактите стои дека Спасов ја известувал СДБ за неколкумина македонски граѓани, кои биле оценети дека се анархолиберали.