сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 31

МААЕ: Ако се потврди нуклеарната проба на Северна Кореја, тоа е загрижувачки

Ако се потврди дека Северна Кореја извршила петта нуклеарна проба тоа е исклучително вознемирувачка вест, изјави денеска шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано.

maae

Поврзани вести

Ако се потврди дека Северна Кореја извршила петта нуклеарна проба тоа е исклучително вознемирувачка вест, изјави денеска шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано.

– Тоа е јасно кршење на неколку резолуции на СБ на ОН и занемарување на барањата на меѓународната заедница, нагласува Амано во соопштение.

Тој потсетува дека СБ на ОН во март силно го осудил претходниот тест извршен од Северна Кореја во јануари.

Државната телевизија на Северна Кореја објави дека Пјонгјанг извршил досега најмоќен нуклеарен тест и е во состојба да поставува нуклеарни боеви глави на балистички ракети. Нуклеарната проба предизвикала потрес на Корејскиот полуостров од 5,3 степени по Рихтер, што според западни аналитичари наведува дека експлозијата била посилна од онаа предизвикана од бомбата фрлена врз Хирошима.

Најчитани вести