Мацари добил отказ од Интер ?

По серијата лоши резултати, претседателот Ерик Тохир решил да ја раскине соработката со Мацари, а како најсериозен кандидат за превземање на кормилото се споменува името на Роберто Манчини.

Иако официјално соопштение сеуште нема, се очекува во текот на денот од клубот да се изјаснат околу разделбата со тренерот Мацари.

Роберто Манчини беше на кормилото на Интер во периодот од 2004 до 2008 година и освои три „скудета“, два Купа на Италија и еден Суперкуп на Италија. Подоцна тој работеше во Манчестер сити во Премиер – лигата, а кус период беше и во турскиот Галатасарај.