Мачковшек, Бундало и Миклавчич се селат во Целје

По објавувањето на информацијата дека белорускиот ракометен шампион Динамо (Минск) прогласи банкрот, почна ловот на квалитетни играчи кои настапуваа во овој тим . Како што стојат работите словенечкото трио Борут Мачковшек, Давид Миклавчич и Урош Бундало е на пат да се врати во Целје Пивоварна Лашко.

Тимот од Целје е во тешка ситуација во домашното првенство, титулата е веќе загубена , но оваа тројка би била од корист во остатокот од сезоната. За нивното преминување во словенечкиот клуб треба само да се средат документите.
Борут ќе се врати во клубот за која настапуваше минатото лето, потоа беше продаден на Хановер, од каде на полусезона замина во Минск.