Мачка пуштила прегласна музика, интервенирала полицијата

Полицијата морала доцна ноќта во четвртокот да интервенира во источногерманскиот град Глаухау откако мачка, којашто била оставена само во домот, направила вистински хаос.

Четириножниот немирко со помош на далечински управувал го вклучила музичкиот уред на своите стопани и го засилила тонот до максимум што ги ужасналао соседи кои прегласната музика го пријавиле во полицијата.

Во полициското соопштение од петокот се наведува дека збунетото животно не успеало самото да ја намали мусиката, па тоа го сторила полицијата но не се прецизира дали поради нарушувањето на јавниот ред и мир ќе поведе постапка против мачката или нејзините сопственици.