Мадона и на 56 години изгледа совршено

Мадона и Версаче ја започнаа соработката уште пред три децении, а ова е четврт пат по ред пејачката да позира за нивна кампања.

madona_2

Мадона во најновата кампања за Версаче покаѓа нешто на што би можела секоја жена да и завидува. Таа и на возраст од 56 години го покажа своето совршено тело во тесни кожени парчиња од познатиот бренд.

madona_1

– Мадона е вистинска икона на Версаче, вели Донатела Версаче и додава дека посебно е задоволна затоа што за сезоната пролет 2015 година заштитно лице ќе биде најмоќната поп икона и нејзината вистинска пријателка.

madona_3

Кралицата на поп музиката вели дека секогаш е возбудливо да бидеш облечен во облека од Версаче, посебно кога ќе се земе во предвид имагинацијата на Донатела и страста за она што го работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.