Мадона очајна: Синот Роко го фатиле со дрога

Мадона и Гај Ричи се борат за старателството врз синот Роко, кој од неодамна живее со својот татко во Лондон. Тој се преселил кај него, затоа што, како што вели, Мадона е премногу строга мајка.

Пејачката неодамна ангажирала приватен детектив кој го следел Роко и открил дека нејзиниот син пуши, пие и не оди на училиште. Сепак, ова не е крајот. Најновата вест таа ја добила е дека Роко почнал да користи дрога и дека бил фатен во паркот со недозволени опијати во раката.

Мадона за сето тоа го обвинува погрешниот сопруг, кој според неа, не посветува доволно внимание на нивниот син.

Таа, како што говорат добро информирани извори, во целост е очајна и се чувствува немоќна затоа што Роко одлучил да живее со својот татко со кого, ако сето ова е вистина, всушност оди во пропаст.

The son

A photo posted by Guy Ritchie (@guyritchie) on