Мадона: Преку уметноста ќе го сменам светот!

Музичката поп икона Мадона е „саундтрак“ на многу генераци, а оваа жена ја обожуваат и како феминистк и како уметник.

Било кој што ја имал шансата да работи покрај неа, ќе сфати зошто Мадона е Мадона, велат нејзините соработнии. Таа работи понапорно од кој било, постои во свет каде што постојат само нејзините правила. За време на нејзината триесет годишна кариера, сите нејзини инстинкти и помогнале да ги направи многуте топ 10 синглови на „Билборд  Хот 100“ листата и да го држи рекордот (46 пати бр.1 од Dance Club песните).

Мадона е жена која живее во сегашноста и никогаш не гледа назад.

Ви пренесуваме интервју со неа направено за „Billboard“ кој што ја прогласи Мадона за жена на годината, во кое таа зборува за изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, за старњњето и други интересни теми.

Таа вели: „Уметноста е како јас се изразувам и преку уметноста ќе го сменам светот“

Каде си денеска?

Јас сум во Њујорк, се обидувам да организрам уметничка аукција за „Art Basel“ во Мајами. Се справувам со уметници и темпераментни луѓе.

01-madonna-bb31-8425-billboard-abh-1240Колку уметници ќе бидат дел од настанот?

Најверојатно ќе бидат 12 неверојатни уметнички дела. Сакав тоа да биде ограничено со артистите кои јас ги собирам или кои ми се пријатели. Оргинално требаше едноставно да биде само уметност, но сега веќе е и искуства, па затоа се обидувам да го направам сето ова поинтересно. На пример, едно од нив е патување со мене во Малави, од каде што мојот син и ќерка се посвоени. Друго дело е играње покер со Џона Хил и Ед Нортон, а друго е посета за време на викенд кај Дикаприо во Палм Спринг. Не очекував дека ќе биде толку комплицирано, но што е тука е, таков е животот.

Ќе дојде ли време кога ќе се ослободиш од таа контрола или е „јас морам“?

Јас морам.

Од каде доаѓа ова?

Очигледно, може да се рече дека е од моето детство, ако ме психоанализирате. Смртта на мајка ми за која што никој не ми кажа ништо и чувство на загуба и предавство и изненадување. Потоа чуството на немање контрола за повеќето работи од моето детство и станувањето уметник тврдејќи дека ќе контролирам се’. Никој нема да зборува во мое име, никој нема да носи одлуки во мое име. Може да се рече дека сум супер контрол фрик. Тоа е што секој сака да го каже. Не сакам да бидам дел од настан каде што нема да сум горда. Тоа е се што права. Моите шоуа, моите филмови, мојата куќа,  начинот на кој ги воспитувам моите деца. Се навредувам многу кога деталите ќе бидат занемарени.

Сакам да ве прашам за „стареењето“ во светот на музиката. Во Холивуд, како што знаете, реткост е жените да добиваат големи улоги како што стареат. Претпоставувам дека е уште потешко да се биде жена на одредена возраст во поп музиката. Кога ќе влезете во студио или сте на  турнеја, ве загрижува ли тоа дали се’ уште сте релевантни?

Не ми е гајле. Останатиот дел од општеството се грижи. Јас никогаш не се размислува за мојата возраст, се додека некој не кже нешто во врска со тоа. Јас чувствувам дека имам мудрост, искуство, знаење и видувања за она што е важно. Може тинејџер да се однесув така? Најверојатно не. Но, тоа е во ред. Јас го разбирам тоа. „Релевантност” е фраза која луѓето ја отфрлаат, бидејќи ние живееме во еден свет полн со дискриминација. Возраста се доведува во прашање само за жените. Ова е поврзано со сексизмот, шовинизмот… Дали сум релевантна како жена во ова општество што ги мрази жените? Па, за луѓето кои се образовани и не се шовинисти, да.

Како се чувствувате во врска со исходот на изборите во САД?

Се чувствував како некој да умрел. Се чувствував како комбинација од скршеното срце и предавство, како кога некој кого сакате повеќе од било што заминува. Јас вака се чувствувам секое утро. Се будам и си велам „О, чекај, Доналд Трамп, се уште е претседател”, а тоа не е лошиот сон што го имав. Се чувствувам измамена од жените, бидејќи процентот на жени кои гласаа за Трамп беше неразумно висок.

Што мислите, зошто е тоа така?

Жените мразат жени. Тоа е она што мислам дека е. Жените по природа не даваат поддршка на други жени. Тоа е навистина тажно. Мажите се штитат меѓусебно, а жените ги заштитуваат своите мажи и деца. А многу од тоа го прават од љубомора и некој вид на племенска неможност да се прифати дека некој нивни вид може да води една нација. Други луѓе едноставно не се мачат да гласаат затоа што не им се допаднал или кандидат, или не мислеле дека Трамп имаше шанса да победи. Тие седнаа зад воланот,  а потоа автомобилот се урна.

02-madonna-bb31-907djk-billboard-12384-1240

Дали бевте изненадени?

Секако. Бев изненаденa и во шок. Не сум имал добар сон откако тој е избран. Ние сме зае***и.

Дали знаете некој што гласал за Трамп?

Да, и сум сум влегла во голема полемика со нив за тоа.

Што велат тие?

Дека тие повеќе сакаат да имаат успешен бизнисмен кој ќе ја оди земјата од жена која лежи. Апсурдно. Но, знаеме дека луѓето немаат доверба во владата. Живееме во земја која е воден од банкари. Оттаму, на некој начин, има логика зошто Доналд Трамп е претседател. Бидејќи парите владеа. Нема интелигенција, нема искуство, нема морален компас,  се нема способност за мудри одлуки, способност да се размислува за иднината на човечката раса.

Што мислите кој ќе биде одговорот на уметниците?

Сведоци сме на многу протести во Менхетен, но на крајот на протестите мора да се манифестира нешто.

Дали мислите дека вие може да бидете агент за промени?

Па, се разбира го знаеш одговорот на тоа. Се обидувам да дознаам мојот одговор кон Трамп. Ми се допаѓа идејата жените да маршираат во Вашингтон еден ден по инаугурацијата. Сакам да врне на неговиот парада. Јас сум ставена на оваа земја да се борам за аутсајдерите и да се борам против дискриминацијата.

Кога одите во Малави, или патуваат низ светот, ќе мора јасно да добиете чувство за тоа како нашиот претседател влијае на целиот свет.

Мислам дека во моментов нас ни се смее цел универзум. Ние веќе не можеме да ги критикуваат другите влади, други лидери. Ја спуштаам главата засрамено.

На социјлните мрежи во последно време објавувате или за Малави или за вашето семејство.
Моето семејство ми е сè. Јас ќе одам во војна за нив. За што и да сум се борела до сега, тоа е за моите деца. Сакам да имаат добра иднина. Создадов неконвенционално семејство и разговараме за се’. Мојот 11-годишен син може да се зборува елоквентно за Малком Икс и Мартин Лутер Кинг и Нелсон Мандела и Џејмс Болдвин. Ќерка ми свири на пијано и може да разговара со вас за Нина Симон. Јас сум навистина горда на тоа.

Што се случува со вас, како „филммејкер“?

Сакам да се направам повеќе филмови, и ќе напрвам. Имам напишано некои сценарија и се надевам дека ќе се реализираат, но кој знае. Правењето филмови е многу комплицирано. Постојат голем број на луѓе кои се вклучени. Кога одам на турнеја јас само одам, „ОК одам на турнеја”. Но, со филмовите не е така, немам таква контрола. Тоа е многу фрустрирачки за мене.

Покрај Трамп, што друго ве загрижува? Дали се грижите воопшто за нешто?

Што? Јас се грижам за апсолутно за се’. По цел ден се грижам за моите деца. Се грижам за моето здравје, за тоа дали ќе ги завршам работите на време. За секој проект на кој работам. Се грижам за состојбата на светот. Не постои нешто за што не размислувам и не се грижам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.