Мадсен доби доживотен затвор за убиството на новинарката

Петер Мадсен, налудничавиот дански научник, обвинет за убиство на шведската новинарка Ким Вал во неговата подморница во август 2017 година, денеска во судот во Копенхаген е осуден на казна доживотен затвор без можност за помилување. Судот го прогласил за виновен за убиство со предумисла, бидејќи Мадсен (47) планирал да ја убие Вал (30) кога таа дошла на подморницата да направи интервју со него.

Обвинителот Јакоб Бух-Јепсен побарал за Мадсен најстрога казна, која во Данска исклучително ретко се досудува.

Петер Мадсен не е нормален човек. Тој претставува опасност за општеството- рекол Бух-Јепсен.

Психијатриското вештачење покажало дека научникот е нарцисоиден социопат со недостиг на емпатија, но кој не е психотичен или параноичен.
Мадсен уживал во перверзни сексуални игри, давење за време на секс, глумел во порно филмови кои самиот ги снимал, а на подморницата нагостил барем една од неговите бројни љубовници, било откриено од сведочењата за време на судењето.

Неколку љубовници на Мадсен посведочиле на судењето за неговите навики и однесување, а меѓу другото, откриле детали како бил фасциниран од т.н. snuff филмови, нелегални филмови кои содржат чин на вистинско убиство како со БДСМ секс, односно со врзување на партнерката.
Мадсен никогаш не призна дека ја убил Вал, но потврди дека ја расекол на делови откако таа починала во несреќен случај, по што се испаничил и распарчана ја фрлил во морето.

Торзото на Вал беше забележано од случаен минувач на 21 август, единаесет дена откако таа заминала на пдморницата да направи интервју со Данецот, а други делови од телото беа пронајдени од нуркачи дури на 6 октомври.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.