Мадуро ги обвини телевизиските серии за високиот криминал во земјата

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро најде објаснување за високиот криминал во земјата. Според него, тоа е поврзано со сериите што се емитуваат на телевизија, соопштуваат латиноамерикански медиуми, цитирани од „РИА Новости“.

„Ние ќе изградиме мирна култура“, рекол Мадуро.

Според претседателот телевизиите заработуваат од серии, во кои главните ликови убиваат луѓе и при тоа се претставуваат како херои.

„Колку милиони луѓе ги гледаат тие серии? Момчиња, девојчиња, целата младина. Какви се можните влијанија над нив од трансформирањето на убијци во херои“, нагласил претседателот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.