Мадуро: Западот го поддржа Косово, а не сака Крим

Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, го обвинил Западот дека води политика на двојни сметки бидејќи пред 10 години го поддржа одделувањето на Косово од Србија, а сега не сака да го признае референдумот на Крим на кој што граѓаните гласаа за присоединување кон Русија.

Тој ги критикувал санкциите кои што САД и ЕУ ги вовеле на одреден број руски претставници поради присоединување кон Крим.

„Тие ги надминаа границите кога се заканија со санкции, бидејќи овие прашања мора да се решат со дипломатски средства предвидени со меѓународното право“, изјавил Мадуро.

Венецуела и Русија се поврзани со договори вредни повеќе милиони долари во повеќе области како што се одбраната, енергетиката, производството и градежништвото. Сојузништвото на двете земји го изгради поранешниот претседател Хуго Чавез, а ги продолжи Мадуро кога дојде на власт минатата година по смртта на Чавез.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.