Маџиров на меѓународен фестивал во Ирска

Никола Маџиров утре ќе настапи на триесеттиот меѓународен Курт фестивал за литература во Галвеј во Ирска, на кој настапуваат и авторот на „Треинспотинг“, Ирвин Велш од Шкотска, како и двајца добитници на Пулицеровата награда, Кеј Рајан од САД и Пол Малдун од Ирска.

Маџиров е единствениот учесник од Централна и Источна Европа, а е поканет по одличните критики на неговата книга во превод на келтски јазик „Тивка преселба на душите“ објавена во Ирска.

Стихови од песната „Дом“ на Маџиров ќе бидат испишани како графити по ѕидовите од ирскиот град Галвеј.