Маџунков: Целта на договорот е да изумре постоењето на македонскиот народ

Академикот Митко Маџунков, во емисијата „Ѕид“ на Алфа  ТВ истакна дека целта на договорот кој го направија македонските власти со Грција, е да изумре постоењето на македонскиот народ. Тој посочи други решенија за влез на Македонија во Европската унија, но целта според Маџунков не е таа, туку една и единствена, а тоа е исчезнување на македонскиот народ.

„Ако Европската унија сака да влеземе во тој сојуз, тие не треба да настапуваат со Грција, што има Грција со тоа? Да се направи дистинкција, значи Македонија постои како област а ова е Република Македонија. Веќе е разлика. Имаше 1001 решение. Ама решението беше да се столчи еден народ“, истакна Маџунков.

Маџунков тврди дека откако ќе се промени името на државата, веднаш ќе се побара и да се водеде двојазичноста во Македонија. Тој потсети дека во Тиранската платформа најприв беше побарана промена на Уставот која што со неа носи и промена на знаме, химна и така натаму.

„Ако ова помине, веднаш ќе излезат со ова со законот. Не треба никој да заборави дека во албанската Платформа првобитно беше побарано , промена на Устав. Таму беше побарано да се менува Уставот а со тоа ќе се промени се, се споменуваа, и знамето и химната и сѐ“, рече Маџунков.