9.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Маџунков: Ние треба да направиме армија преведувачи кои ќе учат албански да контролираат дали преводот е добар

Академик Митко Маџунков во гостувањето  на  емисијата Ѕид на  Тв Алфа вчера зборуваше дека со законот за јазиците се јавуваат и безброј технички проблеми, имено за ефикасно извршување на административната дејност на институциите како што го предвидува тоа овој закон ќе треба да се создаде цела армија преведувачи кои ќе контролираат дали преводот е добар.

-Техничката страна неможе да се задоволи. Таа двојазичност треба да се применува во различни институции, во суд во болниците и тн. Тоа треба некој да го преведе. За тоа треба да се направи една армија албански преведувачи. Јас кога работев на светската книжевност имаше само еден – два преводи од албански. Најтешко беше да се најде од албански бидејќи тие се најскапи, неможе да се дојде до нив. Како сега ке се најдат толку преведувачи? Но тоа не е се. Преводот мора некој да го контролира. Да се знае дали е точен. Кој ке го контролира? Ние треба да направиме армија преведувачи кои ке учат албански да контролираат дали преводот е добар истакна Маџунков.

Тој додаде дека јазикот е инструмент за владеење. Сите империјалистички акции одеа со тоа што се извезуваа  верата и јазикот за да се освои една територија со нечии јазик.

Маџунков исто така  зборуваше за менување на името на македонската држава. Тој потенцираше дека  дадениот  предлог од Нимиц е несфатлив. На овој начин може да се менува во детскиот свет на детски јазик, меѓутоа во сериозни односи помеѓи држави е едноставно несфатливо.

-Тука треба целата експертска јавност на Македонија и плус целата експертска јавност особено на словенските земји да даде стручно мислење околу тоа. Не тие да се расфрлуваат со венецијански комисии и така натаму рече Маџунков.