Мафијашко убиство во Софија

Бизнисмен од Варна е убиен ноќеска пред својот дом во елитна населба во бугарскиот главен град Софија, јавуваат тамошните медиуми пренесува Нетпрес.

Засега непознато лице со пиштол неколкупати пукало во триесет и деветгодишниот Борислав Манџуков. По злосторството што го сторил убиецот побегнал.

Бугарските медиуми објавуваат дека Манџуков бил добро познат во криминалната средина. Тој бил сопственик на синџирот на луксузни ресторани „Версај“, на „Булгари“ и на дискотеките „Exit“. Исто така во негова сопственост биле и менувачници и хотели. Полицијата моментно против него води дури 48 истраги, претежно за измами и за даночно затајување.

Во 2003 година, неговата бремена пријателка била киднапирана од пред нивниот тогашен заеднички дом во дворецот „Евксиноград“ и за неа бил побаран откуп. Неповредена, таа била ослободена две недели подоцна.

Од 2007 до 2009 година, Манџуков работел со 36 фирми, преку кои биле извлечени милиони од бугарскиот буџет, на основа на поврат на ДДВ.

Во 2012 година, во Варна тој бил уапсен во рамки на акција на бугарската полиција наречена „Цигарџии“.

Во јануари, 2013 година, против него било подигнато обвинение за заблуда со штета од 26.000 американски долари. Според обвинителниот акт, оштетено лице му ги дало парите на Манџуков како учество за купување на стан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.